Top Sport

Вардарки повторно се ВРХЛ шампионки!

Ракометарките на Вардар ја одбранија титулата од регионалната ВРХЛ лига, откако со 32:31 го совладаа словенечкиот Крим, по што останува само рутинскиот меч против Будуќност во четврток.

Вардар е единствен тим без пораз по седум меча, поради што има недостижна предност пред ривалките. Иако за титулата беше доволно и реми, Вардар стигна до победа благодарение на голот на Андреа Пенезиќ во последните десетина секунди од мечот.

Словенечкиот клуб имаше водство во поголемиот дел од мечот, пред на десет минути пред крајот Вардар да се доближи на еден гол разлика, и првото водство македонскиот шампион го добива во 58. минута преку Цвијиќ.

Пенезиќ беше најефикасна со осум постигнати голови, додека по пет уфрлија Цвијиќ и Лекиќ.

Фото: ЖРК Вардар

Scroll to Top