Top Sport

Кирјос преку порака раскина со девојката, и напишал „Ми се гади од тебе“

Контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос од поодамна е познат по „долгиот јазик“ и нападите пред се врз Новак Ѓоковиќ.

Сега актуелно е неговото раскинување со девојка му Кјара Пасари.

Таа на Инстаграм ја сподели пораката со која тенисерот ја прекинал романсата, а сите нејзини следбеници ги видоа зборовите кои си ги размениле.

„Збогум, ми се гади од тебе. Остани во Канбера и уживај во остатокот од животот“ напишал тенисерот на што Пасари одговорила:

„Жал ми е што се мразиш сам себе си“.

Пасари од социјалните мрежи го избришала и постот во кој неодамна му го честитала Денот на вљубените, а ги тргнала и сите заеднички фотографии.

Scroll to Top