Колумбискиот фудбалски ас, Хамес Родригез вели дека никој во Реал Мадрид не е заинтересиран да го врати на „Сантијаго Бернабеу“ во иднина.
Родригез не беше дел од плановите на Зинедин Зидан минатата сезона, по што замина во Евертон, каде што повторно работи со Карло Анчелоти и е дел од новиот обновен тим на „карамелите“.
Одговарајќи на прашање на фан на социјалните мрежи, кој посакува тој да се врати во Мадрид, Хамес е јасен.
„Никој не ме сака повеќе таму“, одговори Колумбиецот.
Реал потпиша со Родригез по неговиот фантастичен настап на Светското првенство во 2014 година, но во 2017 година го прати на двегодишна позајмица во Баерн Минхен. По враќањето во Мадрид во 2019, тој не добиваше време од Зидан, по што се реши за трансфер.