Top Sport

Титулата која ја заслужи, но му избега – видеото на Меси од СП 2014 е неверојатно

Лионел Меси освои еден куп титули со Барселона во блескавата кариера, но барем засега успехот со аргентинската репрезентација му недостасува, откако ниту на Светските првенства, ниту на Копа Америка неговата брилијантност не е претворена во титула.

Најблиску до трофејот, секако, беше на СП во Бразил во 2014 година, кога Аргентина загуби во финалето во Рио од Германија во продолженијата. Видео-компилацијата од турнирот покажува колку добар бил тогаш Лео.

Тој беше клучен во мечот од осминафиналето против Швајцарија, а по крајот на турнирот ја доби „златната топка“ иако не ја освои титулата. Во 2018 година, самиот Меси призна дека секој ден размислува за поразот од Германија.

„Проверував на Инстаграм со пијачка и видов еден момент од тоа финале. Не се сеќавав дека тоа се случи. Потоа малку гледав од мечот. Но, промашувањето во финалето, уште размислувам како ја удрив топката, како ја поставив ногата… Има моменти секој ден кога размислувам за финалето. Да замислиш, да станевме светски шампиони? Тоа ќе променеше се за нас. Ја заслуживме титулата, но не дојдовме до неа. Тоа најмногу ме мачи“, призна тогаш Меси.

Scroll to Top