Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо вели дека клубот доаѓа до момент во кој нивната ѕвезда Килијан Мбапе ќе мора да направи одлука за својата иднина по многубројните шпекулации кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид и Ливерпул.
ПСЖ, секако, сакаат да го продолжат договорот со Мбапе, но тој постојано го одбива тоа, а уште минатото лето изјавуваше дека ќе дојде време за нов предизвик.
„Изненаден сум од некои написи за Мбапе, бидејќи тој има една цела сезона од неговиот договор. Неговиот статус во клубот е многу важен и тој постојано презема нови одговорности. Зборуваме со него подолго време и мислам дека сега е време за одлука“, вели Леонардо.
ПСЖ исто така сакаат нови договори со Нејмар, Анхел ди Марија и Хуан Бернат, откако на последните двајца им завршуваат договорите на крајот на сезоната.