Top Sport

Налбандијан: Доста чекате да се пензионираат, победете ги сега Новак, Рафа и Роџер

Поранешниот светски рекет број 3, Аргентинецот Давид Налбандијан по подолго време се врати на тенисот, откако се приклучи на тренерскиот тим на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ и признава дека морал да пребарува во куќата за да најде рекет откако се фокусираше на трките со рели автомобили и на полото (тој поседува 50 коњи за поло) по пензионирањето во 2013.

Но, сега тој вели дека го гледал финалето на Австралија опен, каде што Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев и остана зачуден од тоа како никој не може да се спротистави на големата тројка во тенисот – Ѓоковиќ, Рафа Надал и Роџер Федерер. Налбандијан во 2007 на Мадрид опен успеа да ги победи тројцата на патот до титулата, а две недели подоцна ги победи Федерер и Надал на патот до титулата од Мастерсот во Париз.

„Добрите тенисери можат да ги победат. Тоа не е невозможно. Можеби е време новите тенисери да почнат да веруваат во себеси. Тие се неверојатни тенисери, но не се суперхерои. Повеќе од тенисерите чекаат тие да отидат во пензија. Јас велам: ‘Јас чекав кога играв и уште се тука’. Доста чекате, туку излезете и победете ги“, вели Налбандијан.

Scroll to Top