Секогаш кога Златан Ибрахимовиќ ќе има интервју, има мал милион на извадоци кои можат да се направат наслов. Така и последното интервју со шведската „Дискавери“, за кое зборуваше зошто (оригиналниот) Роналдо е најдобриот на сите времиња и зошто не му се допаѓа НБА „кралот“ Леброн Џејмс.
„Секогаш им велам на тие со кои играм – Роналдо е фудбал. Тој Роналдо е поим за фудбалот. Начинот на кој се движеше, на кој ја прескокнуваше топката, тие неверојатни истрчувања. Според мене, нема подобар играч во историјата. Тука нема сомнеж“, вели Ибрахимовиќ.
Но, не сите спортски херои му се по вкусот на Швеѓанецот.
„Тоа што го прави Леброн Џејмс е феноменално, но не ми се допаѓа кога луѓето со одреден ‘статус’ решаваат да зборуваат за политика. Прави го тоа во што си добар. Играм фудбал бидејќи сум најдобар во тоа. Да бев политичар, ќе терав политика. Тоа е првата грешка што ја прават славните луѓе кога ќе станат славни. Подобро е да се држиш на страна од другите работи и да го правиш тоа во што си добар“, објаснува Златан.