Top Sport

Анчелоти не сака на италијанската клупа, чека понуда од Премиер лигата

Поранешниот тренер на Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен, Карло Анчелоти чека на повик од тим од Премиер лигата како Арсенал, Тотенхем или Манчестер јунајтед и покрај тоа што Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) веќе му понудила да стане италијански селектор, јавува „Кориере дело спорт“.

58-годишниот италијански стручњак беше отпуштен од Баерн Минхен минатата година по слабиот старт на сезоната и 3:0 поразот од ПСЖ во Лигата на шампиони. Оттогаш, тој се смета за еден од фаворитите за италијанската клупа, која остана празна по заминувањето на Џампјеро Вентура по неуспехот да се квалификуваат на Мундијалот во Русија.

Според „Кориере дело спорт“, легендата на Милан и под-комесар во ФИГЦ, Алесандро Костакурта зборувал директно со Анчелоти, но тој не дал конкретен одговор бидејќи чека да види кој од англиските клубови ќе остане без тренер до крајот на сезоната.

Фото: ЕПА

Scroll to Top