Top Sport

Хрватот Иван Шариќ е нов европски шампион во шах

Сплиќанецот Иван Шариќ е нов европски шампион во шах, откако на ЕП во Батуми, Грузија во конкуренција на 302 шахисти (од кои 135 велемајстори) од 34 земји победи со 8.5 поени од 11 партии.

Шариќ победи осум партии, одигра реми во две, а загуби само една, а до трофејот стигна во драматична завршница во последното коло, пред кое тој беше на петтото место. Шариќ го победи Чехот Давид Навара по шест часа, по што го чекаше исходот од дуелот Сјугиров-Војташек, кој заврши со реми за Шариќ да го крене трофејот.

Scroll to Top