Златан Ибрахимовиќ се врати кај колегите во Манчестер јунајтед за да се збогува со своите колеги, откако минатата недела Јунајтед го ослободи од договорот за тој да може да потпише за МЛС тимот на Лос Анџелес галакси.
Прв на кој „налета“ шведскиот ветеран беше Ерик Баји, кој кога Ибра на социјалните мрежи најави дека си оди му порача „да оди да се е.е“ на Инстаграм. Дека ова беше само пријателско „пецкање“ се покажа кога Златан се врати во тренинг-центарот во Керингтон, кога фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска се гушкаше со Ибра, кој сепак го праша: „Кому ти кажа оди е.и се?“.
Збогувањето доаѓа откако докторот на Швеѓанецот изјави дека тој си заминал од Јунајтед само поради елиминацијата од Лигата на шампионите, трофеј кој му „избега“ на Швеѓанецот во богатата кариера – Интер го освоија една година откако тој замина, а Барселона во двете години меѓу неговата една сезона на „Ноу Камп“.