Top Sport

Марадона ги охрабрува Аргентинците

По шокантниот 6:1 пораз од Шпанија, Диего Марадона се обиде да го крене моралот на аргентинските репрезентативци со поддршка преку социјалните мрежи.

Неверојатниот „колапс“ против Шпанците на „Ванда метрополитано“ донесе многу незгодни прашања за предвидувањата на „Албиселесте“ пред Мундијалот, а на теренот се почувствува отсуството на Лионел Меси, кој гледаше од трибините.

„Во овој момент сѐ што останува е да бидеме подобри. Напред Аргентина, како и секогаш“, напиша Марадона на Инстаграм со фотографија на стартните 11 од мечот во Мадрид.

Шпанците ја понижија Аргентина (видео)

Scroll to Top