Ветеранот на Милан, Златан Ибрахимовиќ има повреда на десниот бутен мускул и ќе пропушти четири важни натпревари на „росонерите“, вклучувајќи ја пресметката со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед.
Ибрахимовиќ беше заменет при вчерашната 2:1 победа над Рома и прегледите покажаа дека има повреда на левиот адуктор, по што ќе паузира најмалку 10 дена, пропуштајќи ги мечевите со Јунајтед во осминафиналето на Лига Европа и дуелите од Серија А, Верона, Удинезе и можеби Наполи.
Со ова, Златан ќе може на мир да отпатува на музичкиот фестивал Санремо, каде што ќе биде посебен гостин и како што е најавено ќе пее во дует со тренерот на Болоња и негов близок пријател, Синиша Михајловиќ.