Кошаркарскиот клуб Црвена звезда, во финишот на сезоната, ќе влезе без својот најискусен играч, Перо Антиќ. како што објавија белградските медиуми, Македонецот, го повредил скочниот зглоб.
Црвена звезда влегува во делот од сезоната во кој треба да ги одигра клучните мечеви во регионалната АБА лига, а на дел од нив ќе биде без Антиќ, кој е исклучително значаен за играта на тимот, особено во одбраната.
Антиќ го повредил скочниот зглоб и као што пренесе „Блиц“ сигурно ќе го пропушти дуелот со Реал во Евролигата (петок, 19 часот), како и полу-финалната мајсторка против Морнар во АБА лиагта (понеделник, 21 часот).
Искусниот крилен-центар сезонава нема среќа со повредите, на почетокот на годината поради повредата на стапалото не играше нешто повеќе од еден месец.