Top Sport

Леброн израмни рекорд на Џордан (Видео)

Леброн Џејмс, во победата на Кливленд над Шарлот 118:105, постигна 41 поен, 10 скока и осум асистенции и успеа да израмни рекорд на својот идол, Мајкл Џордан.

Најдобриот играч во лигата, изминатата ноќ, 866.пат во низа постигнал најмалку 10 поени на еден натпревар.

Легендарниот Џордан најмалку 10 поени на натпревар постигнувал во периодот од 22.март 1986 до 27.декември 2001 година.

„Можам да соборувам рекорди, но се знае кој е најдобриот кошаркар на сите времиња. Џордан е вистинскиот крал“, рекол Џејмс кој ја игра својата 15.сезона во кариерата.

Scroll to Top