Top Sport

Почина легендарниот напаѓач на Ливерпул

Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Јан Сент Џон, по долга и тешка болест почина на 82-годишна возраст.

Сент Џон во Ливерпул пристигна од Мадервил во 1961 година, за клупски рекорд, кој тогаш изнесувал 37.500 фунти. Црвениот дрес, под палката на Бил Шенкли, го носел десет години.

Настапил на 425 натпревари, на кои постигнал 118 голови.

По заминувањето од Ливероул играл во Јужна Африка и Ковентри, а кариерата ја завршил во Транмере.

Со Ливерпул два пати бил шампион на Англија.

 

Scroll to Top