Top Sport

Астон Вила без Грилиш и против Шефилд јунајтед

Џек Грилиш, најдобриот фудбалер на Астон Вила, ќе го пропушти и гостувањето кај Шефилд јунајтед, во Премиер лигата.

Поради повредата на потколеницата, англискиот репрезентативец, веќе пропушти два натпревари на својот тим. Тој се уште не тренирал со полн интензитет, поради што тренерот Дин Смит решил да го изостави од тимот за дуелот со „фенерџијата“ во лигата.

„Џек и понатаму чувствува болка. Нема да патува со нас во Шефилд. Очекуваме дека до крајот на неделата ќе започне со нормални тренинзи. Се надеваме дека ќе игра викендов против Вулверхемптон“, рекол Смит.

Без Грилиш во тимот, Вила загуби од Лестер (1:2) и го победи Лидс јунајтед (1:0).

Scroll to Top