Top Sport

Надал: Немам намера да одам во пензија

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал не ја почна најдобро 2021 година. Повредата на грбот го спречи да настапи на АТП купот, а поради тоа не успее ниту да влезе во самата завршница на Австралија опен.

Се лиферуваа најразлични информации за наводна мистериозна болест на коските на Шпанецот, па во меѓувреме тој ги откажа своите настапи во Ротердам, односно Акапулко.

Одлучи во изјава за бразилските медиуми да ги сопре шпекулациите за наводното негово пензионирање.

„Немам намера да одам во пензија. Додека сум здрав и способен да се натпреварувам, ќе продолжам да уживам во тенисот и тоа 100%. Така јас го гледам спортот. Најважната работа е да бидеш запамтен како добра личност, на крајот, тоа е најважно. Титули, моменти за сеќавање. Но, личноста која сте и која ќе остане во сеќавање – тоа е најважното“ – рече Надал.

Многумина сметаат дека е далеку од неговото некогашно ниво на тенис и дека тој веќе не е конкурентен за грен слем титулите.

Моментно Надал има 20 титули, исто како и Роџер Федерер, додека Новак Ѓоковиќ со последната во Мелбурн собра 18.

Надал пред бразилските медиуми зборуваше и за тоа како светската слава влијае врз него.

„Славата не влијае на моето однесување. Вистина е дека сум резервирана и повлечена личност, се навикнав на живот на Маројка, каде можам да сум обичен човек, само човек со семејство и пријатели. Свесен сум за предностите и недостатоците на славата, но се трудам да живеам нормален живот“ порача Шпанецот.

Scroll to Top