Top Sport

Бошко Ѓуровски: Пикси е храбар човек, ама во лошо време станува селектор

Драган Стојковиќ Пикси е новиот фудбалски селектор на Србија, а по долго размислување тој ја одбра и екипата на најблиски соработници во селекцијата. Тука се Саша Илиќ, Братислав Живковиќ, Горан Ѓоровиќ, Горан Чумиќ и Касухито Киноши.

Легендарниот фудбалер на белградска Црвена Звезда, тетовецот Бошко Ѓуровски за српските медиуми изјави дека поминал 6 прекрасни години со Пикси во Јапонија.

„Пикси нема да биде официјално претставен поради ситуацијата со коронавирусот. Го познавам и знам дека навистина заслужува да биде селектор. За жал, доаѓа во турбулентни времиња и сето што досега го слушнавме не оди во прилог на репрезентацијата и на ФСС“ вели Ѓуровски.

Тој смета дека Фудбалскиот сојуз на Србија без оглед на успесите влечеше непопуларни потези со што ја загуби довербата кај народот.

„Ми се чини дека ФСС нема стратегија и не е доследен. Невозможно е да се стекне доверба, а сега се поставува прашањето дали Пикси е способен да пресече и дали ќе може да направи чистка за ФСС освен добри играчи да има и добри резултати“ смета Бошко Ѓуровски.

Тој за „ТВ Вести“ исјави дека Пикси е борец, човек со победнички карактер и човек кој не се предава, што е неговата главна карактеристика.

Scroll to Top