Хјустон Рокитс ќе го повлечат дресот на Џејмс Харден со бројот 13, потврдил сопственикот на франшизата Тилман Фертит. Хјустон и Харден се разделија пред два месеци. Разделбата не беше пријателска, но со оваа изјава, Фертит ги закопа „воените секири“.
„Харден секогаш че биде ‘ракета’. Секако дека ќе го повлечеме неговиот дрес. Тој ги направи незаборавни моите први три години овде. За осум години на нашите навивачи им стоври неверојатни спомени“, рекол Фертит, кој не прецизирал кога тоа точно ќе се случи.
Харден во 2012 година од Оклахома пристигна во Хјустон. Како играч на Рокитс беше МВП на регуларниот дел од сезоната, а три пати беше најдобар стрелец и шест пати член на најдобара петорка во лигата.
Вечерва, Харден со Бруклин Нетс ќе гостува во Хјустон.