Енди Мареј ќе се врати на тениските турнири на 11 јуни на преименуваниот Либема опен во Хертогенбош, Холандија, подготвителен турнир на трева пред Вимблдон.
„Гардијан“ исто така јавува дека тој се „коцкаше“ со мала операција на колкот, позната како „Бирмингем методот“ во обид да ја спаси кариерата.
„Едвај чекам да се вратам на трева и да играм во Росмален првпат во кариерата. Слушнав само добри работи за турнирот, а терените биле одлични. Тоа е совршена подготовка пред Вимблдон“, изјави Мареј, кој беше на операција во јануари.
АТП250 турнирот во Холандија се одржува една недела по Ролан Гарос и ќе биде прв тест за Мареј пред Квинс Клаб, каде што има освоено рекордни пет титули.
Со ова се става крај на шпекулациите дека тој е подготвен да се откаже од тенисот, откако требаше да се врати на Бризбејн опен во јанару, пред да се повлече во последен моменти да замине на операција во Мелбурн кај хирургот Џон О’Донел. Четири дена по операцијата, тој можел слободно да оди.