Top Sport

Тухел пред дуелот со Ливерпул: Јирген Клоп е генијалец!

Менаџерот на Челси, Томас Тухел вели дека Јирген Клоп е „генијалец“ и вели дека не може да се споредува со менаџерот на Ливерпул пред дуелот на „Енфилд“ во четврток навечер.

Ова ќе биде прв дуел на двајцата сонародници откако Тухел го презеде кормилото на Челси во јануари и тој вели дека го сака предизвикот.

„Секако во Премиер лигата има не само најдобри клубови, туку и најдобри тренери, еден од нив е Јирген и тоа го покажа со повеќе клубови. Не можам да спијам бидејќи ќе играм со него, што е голем предизвик. Тој е генијалец, но на крајот не се среќаваме на партија тенис, туку играме со нашите тимови и мораме да бидеме подготвени. Јирген го трансформира клубот во кој работи и трите клуба во кои бил, направил огромен успех. Јас да се споредувам со него? Нема такви споредби“, вели Тухел.

Тухел и Клоп досега играле еден против друг вкупно 14 пати, со 10 меча во Бундеслигата. Двајцата работеа во Мајнц и во Борусија Дортмунд, а Тухел имаше и двеиполгодишен престој во Пари Сен-Жермен пред да стигне во Челси. 47-годишниот Тухел засега има само две победи против него, девет порази и три ремија, иако го доби последниот меч во ноември 2018, кога ПСЖ победи со 2:1 во меч од Лигата на шампионите

Scroll to Top