Top Sport

Дејвин Букер и Џејмс Харден – најдобри во НБА во февруари!

Бекот на Феникс Санс, Дејвин Букер и ѕвездата на Бруклин Нетс, Џејмс Харден се прогласени за најдобри играчи во конференциите во НБА лигата за месец февруари.

Букер ги водеше „сонцата“ до скор 12-3 со 27,3 поени, 3,7 скока и 4,5 асистенции по меч. Шутираше со над 53% успешност (безмалку 40% за тројка) и стана првиот играч на Феникс, по Амаре Стадемаер од 2010 година, кој ја освоил оваа награда.

„Брадата“, пак, беше најдобар на Истокот минатиот месец и потполно го надополни отсуството на Дурент. Харден минатиот месец имаше просек од 25,6 поени, 8,8 скока и 10,7 асистенции на 13 меча. Тој е првиот играч на Нетси, по Винс Картер од 2007 година, што го понел ова признание.

За најдобри тренери се прогласени стратегот на Јута Џез, Квин Снајдер и кормиларот на Бруклин, Стив Неш.

Scroll to Top