Поранешниот капитен на руската фудбалска репрезентација, Алексеј Смертин, иако веќе има 45 години, покажа дека ја заддржал физичката подготвеност, откако прво жонглираше со топка на мраз, за потоа да победи на Бајкалскиот замрзнат маратон, кој се оддржува на замрзнатата површина на Бајкалското езеро.
Смертин, кој ја освои титулата од Премиер лигата со Челси во 2005 година, победи на тешкиот маратон со време од 3 часа и 25 минути. Овој маратон, заедно со тие кои се трчаат во пустината во Сахара се смета за еден од најтешките, бидејќи покрај замрзнатата површина, нема други знаци за тоа колку сте истрчале освен знаците посавени од организаторите.
Alexey Smertin, absolute legend! https://t.co/jesgikCSRb
— Joel Amorim (@Vostok1981) March 2, 2021