Top Sport

Фенер без Озил четири до шест недели

Фудбалерот на Фенербахче, Месут Озил, вчера на носилки го напушти теренот, на натпреварот против Анталија (1:1). Неговиот клуб, во петокот, објави колкава пауза го очекува 32-годишниот фудбалер.

Деталните медицински прегледи покажале дека Озил ги истегнал лигаментите во коленото, тој на рехабилитација ќе биде од четири до шест недели.

Озил, во јануари, по речиси седум години го напушти Арсенал и се пресели во редовите на великанот од Истанбул. Досега има одиграно седум натпревари, не успеал да постигне гол, ниту да забележи асистенција.

Светскиот првак со Германија во 2014 година, во кариерата игра за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.

Scroll to Top