Фудбалерите на Елче славеа победа во дуелот со Севилја (2:1) и по некомплетното 26.коло успеаја да избегаат од опасната зона. Севилја остана на четвртото место на табела, а до крајот на сезоната ќе води голема борба со Реал Сосиедад за местото кое носи пласман во Лигата на шампионите.
Првото полувреме во Елче не донесе никаква возбуда. Домаќините очекува игра внимателно против фаворитот, додека кај Севилја забележлив беше шокот по елиминацијата од Барселона во полу-финалето, во Купот на Шпанија.
Покрај тоа тренерот на Севилја реши да одмори неколку фудбалери, бидејќи за три дена овој тим ќе го игра осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите против Борусија во Дортмунд.
За разлика од првиот, вториот дел донесе многу повеќе возбудувања. Елче малку ја отворија играта, а таквиот хравар пристап им се исплатеше во две ситуации. Одличната тимска акција, во 70 минута, со убав гол ја заврши Раул Гути, а седум минути подоцна Гвида Кариља ја дуплираше преноста на Елче.
Севилја изврши притисок во последните десет минути. Од тој притисок излегоа две шанси, а една од нив Де Јонг претвори во гол.