Top Sport

Ботас работел на „ментални техники“ за да го победи Луис Хамилтон

Финскиот возач на Мерцедес, Валтери Ботас вели дека работел да се „зацврсти“ физички и ментално во обид да го совлада Луис Хамилтон и да ја освои титулата во 2021 година.

31-годишниот Финец влегува во својата петта сезона со Мерцедес, со кои има остварено девет победи, но ниту еднаш во четирите сезони не беше сериозен конкурент на Хамилтон за титулата, и сега вели дека работел напорно тоа да се смени.

„Имав доволно време да се опуштам и потоа добар блок на физички тренинг и се чувствувам многу силно. Имаше многу екстремни тренинзи во текот на зимата, во обид да го заддржам финскиот ‘сису’ однос кон животот. Истото беше и на менталната страна. Мислам дека имам добар баланс и дека сум подготвен за новата сезона“, вели Ботас.

Тој не сакаше да каже што точно работел на менталната подготовка.

„Голем дел од работата беше да се фокусирам на менталниот пристап. Се обидувам да најдам вистински приод за секоја посебна трка и да влезам во тој момент. Што правев точно? Мислам дека тоа е лична работа и не сакам да ги споделам техниките. Ако има проблеми во текот на сезоната ќе побарам помош, ако не ќе го користам огледалото“, вели Ботас.

Scroll to Top