Глазгов Ренџерс под водство на Стивен Џерард ја освоија титулата од Шкотската Премиер лига, нивна рекордна 55-та домашна титула, откако вечните ривали Селтик одиграа само 0:0 со Данди јунајтед, давајќи има на „кралско сините“ недостижна предност од 20 поени по 38 одиграни кола.
Во периодот од тие 10 години, Ренџерс еднаш банкротираше, но успеа да се врати на врвот на шкотскиот фудбал под водство на Џерард на клупата, додека Селтик одеа на рекордна 10-та титула во низа во сезона во која го сменија и долгогодишниот менаџер Нил Ленон. По банкротирањето Ренџерс беше пратен во третата дивизија и следните пет сезони не играше во елитата.
Овој успех на Џерард исто така ќе ги зголеми шпекулациите дека тој е природен наследник на Јирген Клоп на клупата на клубот каде што беше капитен, Ливерпул.
Фановите на Ренџерс уште вчера се собраа пред „Ајброкс“ за да ја прослават титулата, а и фудбалерите имаа фантастично славје во соблекувалната. За време на денешниот меч на Селтик, навивачите на Ренџерс платија авион да го надлета стадионот со порака: „Не гледате ли сега, број 55“.
This was the banner flown over Tannadice earlier.
If Celtic don’t beat Dundee Utd, Rangers will be confirmed as champions today pic.twitter.com/MMmIyIdQLh
— PA Dugout (@PAdugout) March 7, 2021
Absolutely brilliant! ?? pic.twitter.com/bOzrrFIosK
— Chris Hughes (@Hughesy80C) March 6, 2021
Steven Gerrard in his car
Oh my god #RangersFC
What a view
OH MY HEART ❤️ pic.twitter.com/Ys9A0OVwH3
— SCARFACE (@LFC_LION) March 6, 2021