Иско, фудбалерот на Реал, по хет-трикот против Аргентина, со изјавата дека кога игра за Шпанија ја чувствува поддршката на тренерот, ги подгреа шпекулациите дека ќе побара трансфер во летниот преоден рок.
Изјавата на Иско директно беше упатена до тренерот на Реал, Зинедин Зидан. Францускиот стратег, во петокот, рекол дека нее неправеден кон Иско.
„Можеби тука ја нема истата улога што ја има во репрезентацијата, но и покрај тоа јас многу пати сум му покажал дека е важен играч за Реал. Среќен сум поради неговата игра против Аргентина“, рекол Зидан.
„Не е проблемот во Иско. Проблем е што имам 25 фудбалери, а 11 од нив можат да играат. Јас сум задоволен од неговиот пристап и она што го прикажува кога е на теренот“, дополнил Зидан.
Иско оваа сеозна има одиграно 40 натпревари за Реал, зад своето име тој запишал седум гола и исто толку асистенции.
Шпанскиот репрезентативец поради полесна повреда нема да конкурура за место во тимот на натпреварот против Лас Палмас.