Top Sport

Балотели: Веќе не сум лудиот Марио, очекував да ме викнат во репрезентацијата

Марио Балотели вели дека очекувал да биде повикан од преодниот италијански селектор Луиџи ди Бјаџо, бидејќи „созреал“ во периодот во кој игра за францускиот клуб Ница.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Манчестер сити и Милан, не беше повикан за пријателските мечеви со Аргентина и Англија, откако Ди Бјаџо реши да ги повика Чиро Имобиле, Андреа Белоти и Патрик Кутроне.

Балотели има добра сезона со Ница, постигнувајќи 22 гола во 31 настап во сите натпреварувања и вели дека очекувал да добие шанса да се покаже.

„Да бидам искрен, очекував пак да сум во азурниот дрес. Созреав, имам 27 години и две деца. Времето за бркање девојки одамна заврши“, вели Балотели во интервју за „Газета дело спорт“.

Балотели не е дел од репрезентацијата од СП во 2014 година, но Ди Бјаџо неодамна најави дека за него вратата не е затворена.

„Ќе го следам и ќе видиме што ќе се случи следните неколку месеци. Од моите напаѓачи се бара да даваат голови, но мораат да бидат и вклопени во тимот. Ја направив таа одлука за доброто на репрезентацијата“, изјави Ди Бјаџо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top