Каи Хаверц, конечно, почна да покажува зошто Роман Абрамович плати за него 70 милиони фунти, откако беше клучниот човек во тимот на Томас Тухел при 2:0 победата над Евертон со која се одвоија на пет поени предност на четвртото место на табелата токму пред „карамелите“.
Хаверц прво во 31. минута го упати ударот кој преку Бен Годфри влезе во голот на Џордан Пикфорд, за потоа во второто полувреме, прво да во 54. минута да постигне гол кој му беше поништен поради играње со рака, пред во 65. минута да биде фаулиран од голманот Пикфорд, за Жоржињо од белата точка да зголеми на 2:0.
Со ова се продолжи „препородот“ на Челси под водство на Тухел, кој успеа да го извлече максимумот од неговиот сонародник Хаверц, нешто што не му успеваше на неговиот претходник Френк Лампард.
Челси се четврти со 50 освоени, поени, три зад третопласираниот Лестер и четири зад Манчестер јунајтед на второто место, но четири пред Евертон и пет пред Тотенхем и Вест хем во борбата за топ 4 пласман.