Откако прво ВАР системот им поништи два гола на Лидс јунајтед во првите седум минути игра, Вест хем јунајтед успеа да стигне до 2:0 победа за да се искачи на петтото место во Премиер лигата со само два поени заостанување зад четвртопласираниот Челси.
Тајлер Робертс во шестата минута и Патрик Бамфорд една минута подоцна постигнаа голови кои беа поништени поради офсајд, иако втората ситуација беше многу „сомнителна“. По ова следуваше пенал за „чеканите“ во 21. минута, кој го изведуваше Џеси Лингард, и иако Меслие му одбрани, одбиената топка позајмениот фудбалер на Манчестер јунајтед ја смести во мрежата. Ова е четврти гол во шест меча на Лингард за Вест хем. Само седум минути подоцна Крег Досон зголеми на 2:0, доволно за победа на тимот на Дејвид Мојс.
Лидс, за кои македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски го одигра второто полувреме, сега се на 11. место на табелата со 29 поени по два порази во низа и четири порази во последните пет натпревари.