Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рекол дека тој нема да го замени Јоаким Лев на кормилото на националниот тим. Лев, во вторникот, објави дека, по завршувањето на Европското првенство ќе отстапи од функцијата.
Медиумите го посочија Клоп како најсериозен кандидат, тој самиот неколку пати во минатото кажал дека еден ден сака да биде селектор. Клоп, чии Ливерпул, игра лошо оваа сезона и прашање е дали ќе избори пласман во Лигата на шампионите, демантира дека тој ќе биде новиот селектор на Германија.
„Дали ќе бидам достапен ова лето? Не. Не сум кандидат за клупата на Германија. Имам уште три години од договорот со Ливерпул. Тоа е проста математика. Кога ставаш потпис на договор, целта е да го одработиш до крај. Истото го направив и кога бев во Мајнц и Дортмунд“, рекол Клоп.