Тренерот на Пари Сен-Жермен, Унаи Емери потврди дека бразилската мега-ѕвезда Нејмар за две-три недели ќе се врати во Париз за да го продолжи опоравувањето од операцијата на скршеното стапало.
Нејмар се повреди при 3:0 победата над Марсеј минатиот месец, и иако јсе стравуваше дека поради тоа му „бега“ настапот на Мундијалот, се верува дека 26-годишниот најскап фудбалер на стартот е блиску до враќање на теренот.
„Зборував со него оваа недела. Тој е океј, тивок, и зборувавме за финалето од Лига купот. Сигурно ќе го гледа мечот, па ќе се врати во Париз за две-три недели“, вели Емери.
Според него, реален датум за враќање е 8 мај, кога се игра финалето на Купот на Франција. Бразил има уште два подготвителни мечеви, против Хрватска и Австрија пред Светското првенство.