Леброн Џејмс го подобри рекордот во НБА за мечеви во низа во кои постигнал барем 10 поени, откако со 27 поени ги предводеше Кливленд кавалирс до 107:102 победа над Њу Орлеанс пеликанс во „Квикен лоунс арената“.
Ова беше неверојатен 867. натпревар во низа во кој „кралот“ постигна барем 10 поени, соборувајќи го рекордот на легендата Мајкл Џордан. Низата започна на 5 јануари 2007 година и рекордот ќе стои барем неколку години бидејќи следен најблизок активен играч е Џејмс Харден од Хјустон, кој има 258 натпревари со барем 10 поени.
Џордан Кларксон додаде 23 поени, а Родни Худ 16 за Кавс, кои останаа на третото место на Истокот, со половина натпревар пред Филаделфија, кои со 101:91 ја совладаа Атланта.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Њу Орлеанс 107:102
Хјустон – Феникс 104:103
Оклахома – Денвер 125:126 ОТ
ЛА лејкерс – Милвоки 122:124 ОТ
Далас – Минесота 92:93
Јута – Мемфис 107:97
Атланта – Филаделфија 91:101
Портланд – ЛА клиперс 105:96
Орландо – Чикаго 82:90
Фото: ЕПА