Top Sport

Англичаните великани тргнаа по Конате

Фудбалскиот клуб Лајпциг, во летниот преоден рок, се подготвени да го продадат и вториот централен дефанзивец Ибрахим Конате. Овој 21-годишник е партнер во одбраната со Дајот Упамекано, кој од наредната сезона ќе игра за Баерн.

Контае го привлече вниманието на англиските клубови, според медиумите покрај Арсенал и Ливерпул, во трката за неговиот потпис се вклучил и Челси.

Лајпциг нема да се противат на трансферот, но тој нема да биде помал од 50 милиони евра.

Конате, пред три и пол години, од Сошо се пресели во Лајпциг.

Scroll to Top