Галатасарај му врачи отказ на Јунес Белханда. Мароканецот јавно ги критикувал клупските челници.
Белханда ги критикувал челниците за катастрофалниот лош терен, на кој Галатасарај го одиграа натпреварот против Сиваспорт.
„По ваков терен не можете ништо да направите. Погледнете ги условите. Теренот мораше да биде подобар. Во подобра состојба е теренот кој го користиме за тренинг. Ова мора да се поправи“, рекол Мароканецот и дополнил.
„Наместо да го поправат теренот и да го поправат односите во клубот, тие се занимаваат со објави на социјалните мрежи“.
Клупските челници оцениле дека со оваа изјава, Белханда, го нарушил угледот на клубот. Поради оваа изјава тие го отпуштија фудбалерот.
Белханда, за Галатасарај од 2017 година, настапил на 130 натпревари, на кои постигнал 22 гола.