Top Sport

Скандал во Италија – клуб тужи одбојкарка затоа што останала бремена!

„Спортските работници ги забораваат основните човекови права“. Со оваа реченица започнува информацијата во италијанските медиуми поврзана со професионалната одбојкарка Лара Лугли од Порденонеа, на северот на Италија.

Лара во 41-та година забременила и од својот клуб побарала да и го плати сето она што го заработила додека играла. Клубот не само што ја одбил, туку и ја тужел барајќи отштета.

„Во оваа бескрупулозна иницијатива се кријат работите на овој културен скандал на нашата земја кој ја достигна точката на која свеста на спортските работници се замаглува до таа мера што забораваат кои се човековите права“ пишува во соопштението од Националната асоцијација на спортисти во Италија.

Свој став имала и претседателката на Асоцијацијата, Луиза Гариба Ризители:

„Овој случај не само што не е единствен и сугурно не се однесува само на одбојката, туку ја нагласува вообичаената и недостојна практика која ја осудуваме веќе 21 година. Благодарејќи на овој обичај, спортистките во тимски или поединечни спортови штом забременат доживуваат поништување на нивните договори, останувајќи без никакви права и никаква заштита“.

Веста за одбојкарката ја има во речиси сите италијански медиуми, а вирално се прошири и на социјалните мрежи. Осуда стигнува од сите страни.

Scroll to Top