Денис Казионов, поранешниот руски хокеар, призна дека бил преплашен откако со своето Порше успеа да го пробие ѕидот на третиот кат од катната гаража, со неговото семејство во автомобилот.
Казионов се обидувал да се паркира на повеќекатницата „Ривер парк“, кога ја загубил контролата на автомобилот и дел од автомобилот го пробил ѕидот. 33-годишниот поранешен хокеар на рускиот клуб Нефтехимик, признава дека искуството не било пријатно, посебно поради тоа што во автомобилот биле неговата сопруга и нивниот син.
„Да, тоа беше мојот автомобил. Бев со моето семејство, со мојата сопруга и со синот. Се работеше за отворено место за паркинг со ѕид на едната страна. Подот беше лизгав како во многу шопинг-центри, а имаше и снег. Автомобилот не сакаше да сопре. Бевме шокирани“, вели Казионов.
Специалисты вытянули Porsche, застрявший в стене паркинга в Москве. В результате инцидента на парковке никто не пострадал. Владельцем автомобиля, который повис над землей, оказался хоккеист Денис Казионов. pic.twitter.com/GFe6Ai8o4E
— РЕН ТВ | Новости (@rentvchannel) March 9, 2021