Top Sport

Лазаров дебитира како селектор – Македонија против Данска

Македонската ракометна репрезентација, вечерва, ги продолжува квалификациите за палсман на Европското рпвенство. Во третото коло, во Групата 7, противник македонските ракометари ќе играат против актуелните светски шампиони, репрезентативицте на Данска.

Квалификациите за пласман на Европското првенство, Македонија ги започна со две победи, против Финска и Швајцарија, а во наредните две кола ќе со Данска.

Вечерашниот на селекторската функција ќе дебитира Кирил Лазаров. Легендарниот капитен, по завршувањето на Светското првенство го наследи на функцијата Данило Бестровац.

Лазаров ќе има двојна улога, ќе биде селектор и играч. Двојна улога ќе има и Филип Миркуловски, кој ќе биде играч и помошник на селкторот.

За вечерашниот дуел од списокот отпадна крилниот играч на Вардар 1961, Димитар Димитроски. Данците во Скопје ќе настапат со својот најдобар тим.

Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе започне во 20 часот.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top