Top Sport

ЛЕ: Диало со деби гол за Јунајтед, Милан во 92. минута израмни

Пресметката на двата европски фудбалски гиганти, Манчестер јунајтед и Милан во второто по сила европско натпреварување, Лига Европа, донесе многу интересни моменти, два поништени гола на гостите, промашување за историја, деби гол на новиот талент на „ѓаволите“, Амад Диало, и камбек на „росонерите“ во 92. минута за 1:1 реми пред реваншот на „Сан Сиро“.

Милан на почетокот на мечот имаше два поништени гола, еден поради офсајд (Рафаел Леао) и еден поради играње со рака (Френк Кеси), пред во финишот на полувремето, капитенот на Јунајтед, Хери Мегваер да го има можеби најголемото промашување на празен гол во историјата на спортот.

Во второто полувреме, Оле Гунар Солскјер му даде шанса на 18-годишниот Диало, за кого платија 35 милиони фунти на Аталанта, и тој веднаш одговори со одличен гол со глава по уште подобрата асистенција од Бруно Фернандеш.

Кога Јунајтед се подготвуваа за крај на мечот, во 92. минута, Симон Кјер со удар со глава успеа да израмни на 1:1.

Поголема предност по првиот меч од осминафиналето имаат Ајакс и Вилјареал – „копјаниците“ со 3:0 го совладаа Јанг Бојс, додека „жолтата подморница“ славеше со 2:0 на гости кај Динамо Киев. Ренџерс, по освојвуањето на шкотската титула, одиграа 1:1 на гости со незгодните Славија Прага.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/8 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Манчестер јунајтед – Милан 1:1

Ајакс – Јанг Бојс 3:0

Динамо Киев – Вилјареал 0:2

Славија Прага – Ренџерс 1:1

Рома – Шахтјор Доњецк 21.00 ч.

Гранада – Молде 21.00 ч.

Олимпијакос – Арсенал 21.00 ч.

Тотенхем – Динамо Загреб 21.00 ч.

Scroll to Top