Манчестер јунајтед со 2:0 ги совлада Свонси, за да го остави велшкиот тим на три поени од зоната за испаѓање, а во исто време да го „крене“ духот на „ѓаволите“ по сите шпекулации околу атмосферата во тимот.
Ромелу Лукаку го постигна својот 100. гол во Премиер лигата, а Алексис Санчез со убав удар ја запечати победата, за да продолжи неверојатната традиција – Свонси никогаш не си заминал од „Олд Трафорд“ без примен гол.
Откако во поголемиот дел од мечот беше само гледач, голманот на Јунајтед, Давид де Хеа по 60-тата минута имаше две фантастични одбрани на ударите на Абрахам, но тоа беше сѐ што успеа да направи тимот на Карлос Карваљал.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 32.КОЛО
Брајтон – Лестер 0:2
Манчестер јунајтед – Свонси 2:0
Њукасл – Хадерсфилд 1:0
Ватфорд – Бурнемаут 2:2
Вест Бромвич Албион – Барнли 1:2
Вест Хем – Саутемптон 3:0