Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј нема да игра на Дубаи шампионатот следната недела, откако неговата сопруга Ким Сирс се породи со нивното четврто дете приморувајќи го да се врати дома.
Мареј и Сирс, кои се заедно од нивното детство, се во брак од април 2015 година и веќе имаат две ќеркички – Софија (5) и Еди (3) и едногодишен син Теди. Уште не е познат полот на новата принова.
Мареј, кој во моментов е на 116. место на АТП листата, во 2019 година беше на операција на колкот во обид да ја спаси кариерата, и се надеваше дека ќе се врати на Австралија опен оваа година, пред да биде позитивен на КОВИД-19 и да му биде забрането да патува.