Top Sport

Баутиста и Басилашвили во финалето во Доха!

Во финалето на богатиот Катар опен во Доха изненадувачки ќе се судрат Роберто Баутиста-Агут и човекот кој го победи Роџер Федерер, Грузиецот Николоз Басилашвили.

Во полуфиналето, Шпанецот Баутиста со 6:3/6:3 го збриша првиот фаворит за титулата, Русинот Андреј Рубљов, додека Басилашвили со 7:6(1)/6:2 беше подобар од Американецот Тејлор Фриц.

Во Дубаи пак, Шпанката Гарбиње Мугуруза стигна до своето трето финале оваа сезона, откако со 6:4/7:6(5) ја победи Белгијката Елизе Мертенс на својата седма меч-топка и за трофејот ќе се бори со Чехинката Барбора Крејчикова, која со 7:5/6:2 беше подобра од Џил Тајхман. 27-годишната поранешна гренд слем шампионка Мугуруза претходно оваа година загуби во финалето на Катар опен од Петра Квитова и на Јара Вели класик во Мелбурн од Ешли Барти.

Scroll to Top