Леванте ја прекина лошата низа од два меча без победа, за славна 1:0 победа над Валенсија во дербито на овој шпански град, совладувајќи го далеку пославниот ривалски клуб првпат од 2016 година. Македонскиот ас, Енис Барди одигра 90 минути за победничката екипа, која сега се одвои на пет поени пред Валенсија, која игра сезона со многу финансиски и играчки проблеми.
Човек на одлука беше Рожер Марти, кој во 18-тата минута ја искористи лошата реакција на целата одбрана на Валенсија за да го постигне својот петти гол во седум меча против градскиот ривал, и конечно, да првпат да го почувствува вкусот на победата.
Леванте сега се на импресивното осмо место на табелата со 35 поени, додека Валенсија се на 12. место со 30 поени.