Top Sport

Влаховиќ по хет-трикот: Ова е супер освоив многу бодови на „Фантаси“

Душан Влаховиќ, со три гола ја предводеше Фиорентина, до победата кај Беневенто (4:1). Српскиот репрезентативец, трите гола го постигна во првото полувреме. Тој е најмладиот играч кој успеал да постигне двоцифрен број на голови во една сезона во Серија А. Влаховиќ пред 40 дена наполни 21 година.

Влаховиќ се запиша и во клупската историја, тој е вториот играч на Фиорентина кој постигнал хет-трик во едно полувреме. Вакво нешто му успеало само на Курт Хамрин во далечната 1964 година.

По натпреварот, Влаховиќ, ги воодуешвил италијанските новинари со својата изјава.

„Морам да му се заблагодарам и на нашиот голман Драговски, тој е во мојот тим на „Фантаси“, имав додавање од него, ми донесе асистенција во играта. Се имам и себе си во тимот на „Фантаси“, што значи дека во ова коло освоив многу поени“, рекол напаѓачот на Фиорентина.

Scroll to Top