Top Sport

Баерн испратиле понуда за Саул Нигез

Саул Нигез, еден од сенаторите во соблекувалната на Атлетико Мадрид, бил подготвен да го напушти клубот. Играчот од редот за врска, не игра добро во тековната сезона, поради ретко има место во стартниот состав на Атлетико. Наводно, сериозен интерес за услугите на Саул покажува Баерн Минхен.

Саул Нигез, сезонава има одиграно 36 натпревари, но само 15 од нив започнал во стартната постава.

Овој фудбалер, во 2017 година, го изненади фудбалскиот свет, кога потпиша девет годишен договор со Атлетико. Во договорот кој важи до 2026 година, откупната клаузула на фудбалерот изнесува 150 милиони евра.

Шпанците шпекулираат дека Атлетико би прифатиле понуда од 40 милиони евра. Не е познато колкава сума понудиле од Баерн за неговите услуги.

Scroll to Top