Поранешниот фудбалер на Милан, Кеисуке Хонда, конечно, си пронајде нов клуб, откако до крајот на сезоната ќе настапува во азербејџанскиот Нефчи од Баку по пропаднатиот трансфер во Португалија.
34-годишниот Хонда е вистински фудбалски патник – последен клуб му беше Ботафого од Бразил, а претходно играше и во Австралија и Мексико, а неодамна беше дел од една од најбизарните трансфер-приказни во јануарскиот преоден рок.
Јапонецот потпиша шестмесечен договор со Портимао, клуб кој се бори за опстанок во лигата, но не успеа да го регистрира трансферот.