Top Sport

Портимао му го раскина договорот на Хонда по само пет дена!

Португалскиот клуб Портимоненсе му го раскина договорот на јапонската фудбалска легенда Кеисуке Хонда по само пет дена, во еден од најкратките фудбалски договори во историјата.

34-годишниот Хонда, кој во кариерата играше за тимови како Милан, ЦСКА Москва и Ботафого во кариера од повеќе од 17 години потпиша шестмесечен договор со португалскиот прволигаш со опција за продолжување за уште една сезона минатиот викенд, но клубот кој се бори за опстанок, едноставно не успеа да го регистрира.

Во португалската лига, слободен агент може да потпише договор со некој клуб само ако фудбалерот не бил ангажиран во клуб од октомври. Но, Хонда го загуби договорот со бразилскиот Ботафого во декември, така што немаше право за настап во Португалија.

Scroll to Top