Top Sport

„Паднаа“ Мамиќи – тренерот на Динамо Загреб осуден на затворска казна!

Врховниот суд во Загреб ја потврди казната на браќата Здравко и Зоран Мамиќ за „грабеж“ на Динамо Загреб, што значи дека актуелниот тренер на хрватскиот шампион ќе мора да почне да ја отслужува затворската казна од 4 години 8 месеци.

Браќата Мамиќ, заедно со даночникот Милан Пернар и актуелниот директор на Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС), Дамир Врбановиќ, го оштетиле Динамо Загреб за 116 милиони куни, по што газдата на клубот, Здравко Мамиќ доби казна од шест и пол години затвор, но тој е пребеган во Босна и Херцеговина.

Зоран Мамиќ пак, оваа недела ги пречекува Тотенхем во осминафиналето на Лига Европа, но според Законот за спорт во Хрватска, тие со правосилни пресуди на затвор не смеат да работат во спортот и Динамо мора за осум дена да го раскине договорот со Мамиќ.

Scroll to Top