Top Sport

Тјери Анри со епско „спуштање“ за Карагер

Тјери Анри се врати во Англија и веднаш беше поканет како гостин на „Скај спорт“ како коментатор на вечерашниот меч помеѓу Ливерпул и Вулверхемптон и не пропушти шанса да му ја расипе вечерта на ко-коментаторот и поранешен дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер.

Легендата на Арсенал се врати на коментаторската работа по две и пол години пауза, и исто како кога беше фудбалер беше „мачител“ на одбранбените фудбалери, овојпат на Карагер.

„Среќен сум што се вратив! Среќен сум што го гледам Џејми – на два метри од мене, како кога игравме фудбал“, беше фантастичната изјава на Французинот.

Анри беше еден од најстрашните напаѓачи во Премиер лигата во неговата ера, а додека Карагер беше солиден централен бек, не беше најбрз и секогаш губеше во трката со бројот 14 на „топчиите“, како што се гледа од старото видео.

Scroll to Top